| четврток, 6 декември 2018 |

Десетици милиони евра преку Чешка се префрлаат во Кипар и во Хонг Конг

Money seized by German customs agency Zoll during anti-money laundering operation is displayed before agency's annual statistics news conference in BerlinПреку странските компании кои работат во Чешка, поминуваат десетици милиони евра кои од Русија завршуваат во Кипар и во Хонг Конг, се наведува во Извештајот на Финансискиот и аналитичкиот оддел на чешкото Министерство за финансии, јави дописникот на МИА од Прага.

Според директорот Либор Казда забележан е пораст на случаи каде средствата од криминални дејности се инвестираат во биткоин валутата, која всушност е дигитална, интернет валута преку која се избегнуваат таксите за трансфер на пари од една во друга светска валута.

Казда додава, дека минатата година се откриени повеќе случаи на незаконско префрлување на пари и тоа околу 3.200 случаи во споредба со претходната година која биле откриени 2.700 случаи.

– Овие групи веќе долго време живеат во Чешка и умеат тоа да го искористат, вели Казда објаснувајќи дека таквата појава не е предизвикана од чешките закони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top