
Целта е сите граѓани или фирми што имаат нејасни информации околу постапите за затворање на фирмите, задолжницата или функционирањето на регистрите да побараат информации од вработените во Регистарот. Утре ќе има отворен ден за граѓаните во Велес, а во наредните денови уште во десет регионални центри.
Според директорот на регистарот, Ванчо Костадиновски, со оваа акција граѓаните полесно ќе можат да дојдат до информациите што им се потребни.
Костадиновски изјави дека досега се издадени околу 70 задолжници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


