Две девојки од Македонија се венчале во Осиек, а за овој чин ангажирале и овластен преведувач на македонски јазик, пишува весникот „Гласот на Славонија“.
Преведувачката Јагода Тренески Цветичанин изјавила дека од брачната двојка била замолена на голема дискреција.
– Во Македонија не е дозволен бракот на лица од ист пол. Признавам дека на почетокот бев малку изненадена, ми се чинеше дека бракот се склопува од интерес, но брзо се уверив дека станува збор за голема љубов – изјави Тренеска Цветичанин додавајќи дека за време на венчавањето кумови биле две девојки.
Таа додаде дека новиот брачен пар најверојатно нема да живее во Македонија.
Во Хрватска очекуваат дека наскоро многу вакви бракови ќе почнат да се склопуваат во нивната земја, особено на граѓани од соседните земји, како на пример од Србија и Босна и Херцеговина.
Во Словенија за 9 години официјализирани се 87 партнерства од истополни лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
По која диета полудеа Македонките кои губат и по 20 килограми?
-
И принцезата Дајана ќе биде дел од венчавката: Еве како Хари ќе ја донесе мајка му на свадбата
-
На свадбата на принцот Хари ќе настапи оперската пејачка Елин Манахан Томас што пееше пред 15 години во дворот на „Свети Пантелејмон“