Различни се ставовите во германскиот Парламент за вчерашниот договор на членките на еврозоната со Грција со кој што Атина доби четири месеци продолжување на програмата за финансиска помош под услов да ги продолжи реформите договорени со предходната влада.
За разлика од опозициските партии на зелените и левицата, кои го поздравија исходот од состаноток во Брисел, дел од владеачките партии со сомнежи за направениот компромис.
Претседавачот со Комитетот за финасии на Бундестагот, Ханс Микелбах, од партијата ЦСУ, партнер на канцеларката Меркел, вели дека без соодветни потези од Атина „договорот е безвреден“. Според него Европа не смее да биде залажана од празните ветувања на Грција. Микелбах не очекува транзициската програма да биде одобрена од Бундестагот во текот на февруари затоа што „Парламентот мора да истражи и да разговара за суштината на договорот во детали“.
Според набљудувачите, доколку во понеделник Грција не поднесе конкретна листа на мерки во кои што ќе ги нема ветувањата за олеснување на мерките за штедење, што се тешки 20 милијарди евра, петочниот договор може целосно да пропадне.
Според најавата на германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, кој по состанокот на еврогрупата изјави дека СИРИЗА ќе има проблем на своите гласачи да им го објасни договорот, се очекува за два дена Ципрас целосно да се откаже од намерите да ја зголеми минималната плата, да ги врати сите избркани на работа, да даде 13 пензија и генерално да ги укине мерките за штедење што беше причина за неговата победа на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција