На интернет се појавија досега невидени фотографии на кои холивудската актерка Анџелина Џоли позира како модел во костими за капење.
39-годишната добитничка на Оскар се најде во центарот на вниманието откако на интернет осамнаа фотографии од 1991 година, кога младата Анџелина ја започнувала својата кариера како манекенка.
Јавноста сега има пристап кон тие фотографии на кои можеме да ја видиме Џоли како позира во црн костим за капење, провокативно црно „боди“ и виолетово бикини.
Актерката повеќе пати досега зборувала за своето бурно растење и проблемите со кои се соочувала во периодот на адолесценција, вклучувајќи депресија и напуштање на часвите по глума на Институтот за филм и театар Ли Стразберг.
Анџелина признала и дека имала проблематичен однос со својот татко, холивудскиот актер Џон Војт, а кога имала само 14 години, нејзината мајка дозволила постарото момче на актерката да се всели во нивниот дом.
– Уште во тинејџерските години имав голем проблем – не ми поаѓаше од рака да се врзувам со други. Поминав многу време обидувајќи се да остварам нормален однос со другите – изјавила актерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов пораз за Анџелина: Шајло избега од дома за да го види Бред
-
Српска ѕвезда се омажи во купачи, зетот е друга приказна (ФОТО)
-
Проговори докторката на Анџелина Џоли: Рак на дојка всушност почнува со исхраната, еве како да го спречите!
-
Состојбата и е загрижувачка – Анџелина Џоли примена е во болница!






