Трите сестри Надин, Алис и Фара Абдел Азиз, поради својот гламурозен стил на живот и чувство за мода, се наречени либански одговор на сестрите Кардашијан. А сега, токму како и Ким, Кортни и Клои, овие сестри ќе имаат свое ријалити шоу, кое ќе го прикажува нивниот секојдневен живот во Бејрут.
Либанската телевизија „Ел-би-си“ (LBC) најавила дека наскоро ќе започне со прикажување на ТВ шоуто „Сестри”“, а камерите ќе ги следат овие убавици во секој чекор.
Девојките станале познати во својата земја благодарение на профилите на Инстаграм и блогот „Стајл ин Бејрут“ (Style in Beirut), кои ги отвориле во 2013 година. Тие сега на Инстаграм имаат повеќе од 100.000 фанови и секојдневно објавуваат инспиративни фотографии кога станува збор за стилот и модните трендови.

Трите сестри од Либан, исто како и сестрите Кардашиjан, имаат долги, темни и блескави коси и сакаат да носат скапоцена облека од познати дизајнери. Исто така, сите сакаат да се фотографираат и фотографиите да ги поставуваат на Инстаграм.
Како и Ким Кардашијан, средната сестра Надин е веќе позната ѝ е заслужна за снимањето на ова ријалити шоу. Таа работи како модел во една агенција од Дубаи, а била и во финалето на светскиот избор за Мис Туризам 2012 година. Надин зборува четири јазици, вклучувајќи и романски, а сака да чита, плива и да патува. Моментално е многу популарна во Либан.
Најстарата сестра Алис е најпаметната девојка од семејството која дипломирала маркетинг во 2009 година на Либанско-американскиот универзитет. Таа го основала и го води модниот блог на своите сестри, а исто така работи и како консултант.
Најмладата сестра Фара, позната и како Фафи, исто така има диплома по менаџмент која дипломирала на Универзитето Свети Јозеф во Бејрот, а работела во банка.
Сите три сестри и самите се големи фанови на сестрите Кардашијан и би сакале како нив да постигнат светска популарност преку своето ријалити шоу кое премиерно ќе се прикажува кон крајот на месецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




