
Во Тетово, на крстосницата од улицата „Илинденска“ и со улицата „В.Вардарска“, доцна синоќа, околу 40 минути по полноќ, 22 годишно момче од село Палатица, физички нападнал полицаец.
Имено, двајца полициски службеници при вршење на контрола во сообраќајот и по констатиран сообраќаен прекршок, запреле автомобил марка „ауди“ со тетовски регистерски таблици управувано од лице Ф.С. Осомничениот веднаш почнал да ги омаловажува полициските службеници со погрдни и вулгарни зборови, по што едниот од нив и физички го нападнал.
Ф.С е приведен, извршен е разговор и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


