Во центарот на Будимпешта две илјади луѓе се собрале на протест против посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Унгарија.
Тие носеле транспатенти со натпис „Путин не, ЕУ да“ и скандирале против унгарското приближување кон Русија.
Инаку, Путин престојуваше во главниот унгарски град, официјално, за повторното отворање на обновените гробишта на советските војници кои загинале во борбите за ослободување на Будмипешта од нацистите пред крајот на Втората светска војна, но главната цел на разговорите на Путин со премиерот Виктор Орбан, се однесуваа за новиот договор за снабдување на Унгарија со руски гас.
Унгарија е голем зависник од рускиот гас, затоа што дури 50 отсто од своите потреби со ова енергетско гориво ги добива од Русија. Владата во Будимпешта сака да го обнови овој договор, чија важност истекува кон крајот на оваа година.
Престојот на Путин во Унгарија е првиот што тој го има направено на една земја-членка на ЕУ од јуни 2014 година.
Владата на Унгарија ги прифати санкциите што ЕУ го воведе против Русија,обвинувајќи ја дека директно се меша во украинскиот конфликт,но премиерот Орбан повеќепати досега ја критикуваше таквата одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.