| четврток, 6 декември 2018 |

Грција се договори со Еврозоната

janis varufakis

Јанис Варуфакис, министер за финансии на Грција

Грција денеска постигна договор со Еврозоната за продолжување на пакетот помош за економско опоравување на државата за четири месеци.

За возврат, според договорот, Грција не треба да презема никакви мерки кои може да наштетат на буџетските цели. Земјата ќе треба да обезбеди листа на реформи врз основа на сегашната финансиска помош кои ќе бидат оценети на 23 февруари. Грчкото министер за финансии Јанис Варуфакис го поздрави договорот, кој според него е мал чекор во вистинска насока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top