Една продавница за погребална опрема во Вроцлав, Полска, бара работник кој би извршувал можеби најбизарна работа. Во продавницата се нуди работа која ќе биде платена 750 евра, а вработениот треба да лежи во излог во мртовечки ковчег шест часа дневно, пет дена во неделата.
– За оваа работа не се потребни посебни вештини, доволно е да лежите неподвижно шест часа. Бараме само елегантна облека и храброст за една помалку невообичаена работа – пишува во огласот.
Работодавецот гарантира шест часовно работно време во денот, слободни викенди, но и попуст за погреб ако почен некој во семејството на работникот.
Репоретерите на полскиот весник „Газета виборча“ тргнале по огласот кој многу брзо го снемало од понудата, биле во посета на неколку погреални претпријатија, но не го нашле газдата кој бара работник за спиење во мртовечки ковчег.
Се претпоставува дека огласот можеби бил и шега, а таква реклама само би привлекла публицитет и клиенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во Скопје: Земја затрупа работници – едниот почина на лице место
-
Работник тешко се повредил додека го поправал лифтот
-
Познат идентитетот на загинатиот работник: Колега го прегазил со „грејдер“ додека одел во рикверц (видео)
-
Трагедија: Загина градежен работник на автопатот Штип – Миладиновци