| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во Дубаи во една од највисоките згради на светот, стотици евакуирани

576460_dub-05_ff

Стотици луѓе се евакуирани во Дубаи, кога избил пожар во два часот по полноќ по локално време во една од највисоките станбени згради во светот, „Торч“, јави „Ројтерс“.

Според лекарските извори, нема загинати и повредени, пожарот е под контрола, а на жителите на облакодерите им било дозволено да се вратат во своите станови околу четири часот и 30 минути.

Пожарот се случил на 50. кат во облакодерот од 79. спрата.

576457_dub-02_ff

Очевидците тврдат дека делови од зградата кои ги зафатил пожарот паѓале метални делови и стакло. За време на пожарот во тој густо населен кварт сообраќајот бил пренасочен. Засега не е позната причината за пожарот, а ветерот кој дувал придонел во ширењето на огнените јазици. Десетина пожарникарни возила учестувале во гаснењето на пожарот на зградата висока 336,1 метар.

Облакодерот „Торч“ е изграден во 2011 година и оттогаш официјално е највисоката зграда за живеење на светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top