Според анализата на германскиот весник „Ди Велт“ Германија е на чело на земјите кредитори кои што ќе ги загубат своите пари со кои досега ја кредитирале Грција. Германија ќе треба се збогува со 92,7 милијарди евра што е 3,3 проценти од БДП или една третина од нејзиниот национален буџет.
На второ место е Франција со загуба од 71,5 милијарди евра а на трето место е Италија со 62,1 милијарди евра. Следуваат Шпанија со 42, Холандија со 20 и Бeлгија со 12,4 милијарди евра од земјите кои што грчкиот банкрот ќе ги чини над 10 милијарди евра. По нив се Австрија , Финска , Португалија, Словачка, а на листата се наоѓа и Грција која што со сопствениот излез од еврозоната ќе ја чини 2,3 милијарди. Словенија е земја која што ќе има најголема штета споредено со нејзиниот БДП , Љубљана ќе загуби 3,9 проценти од БДП или 1,5 милијарди евра кои што ги даде за помош на Грција.
Иако во вкупната сума дадена за Грција од 330 милјарди евра учествуваат и институции како ММФ, Европската Централна Банка и Европската Комисија сепак парите изворно доаѓаат од националните буџети. Проценката на експертите е дека доколку денеска во Брисел не се најде решение и Грција наскоро излезе од еврозоната ќе бидат потребни уште најмалку 250 милијарди евра за стабилизација на еврозоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


