| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ нема да испрати полициска мисија во Украина

europol misijaЕвропската комисија го одби барањето на украинските власти ЕУ да испрати полициска мисија во Источна Украина која е под контрола на проруските сили.

– Оценуваме дека сега треба да се насочиме на конкретна примена на Договорот од Минск, а не да се шпекулира за други можности- посочи европскиот комесар за соседска политика и преговори за придружување Јоханес Хан во Брисел по повод неговата  посета на Киев. Тој оцени дека ситуацијата во Украина е „исклучително загрижувачка“ и оти прекинот на огнот е нестабилен.

Апелираше до Владата во Киев и покрај тешките околности да ги спроведе неопходните реформи и да поведе остра борба против корупцијата за да привлече странски инвестиции и да ја стабилизира економијата.

– Сакаме да видиме стабилна и просперитетна Украина, бидејќи единствено таква може да се спротистави на странските притисоци- потенцира Хан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top