„Јутјуб“,на почетокот на следната недела ќе лансира нова апликација наменета специјално за деца. Таа ќе се вика „YouTube Kids“ и таму децата ќе можат да гледаат програми продуцирани специјално за интернет платформата.
Освен тоа, на него ќе се пуштаат и цртаните филмови од детската секција „YouTube Kids Channel section“.
Апликацијата ќе им овозможува на родителите да подесат колку време нивното дете ќе може да биде пред компјутер и да гледа. Кога времето ќе истече, тајмерот ќе го исклучува видеото.
„YouTube Kids“ ќе биде достапен за уредите со оперативен програм „Андроид“. Тоа не е изненадување, бидејќи компанијата е во сопственост на „Гугл“. Апликацијата е дизајнирана за смарт телефони и таблети и ќе може да биде симната во „Google Play“. Најверојатната причина поради која од интернет компанијата се одлучиле да направат ваков чекор, е дека гледаните видеа од деца, на платформата за споделување на видеа, известуваат рекорден раст од 200% во последната година.
Според информациите структурата на „YouTube Kids“ ќе биде едноставна. Апликацијата ќе има четири секции со четири икони, за детски филмови, музика, наука и истражување. Освен тоа, дизајнот ќе биде во боја, весел и привлечен, како и лесен за управување. Соработниците на „Јутјуб“ во овој проект се „National Geographic Kids“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



