Металург ќе се прости од ова издание на ракометната Лига на шампиони со натпреварот против Загреб в недела од 19 часот пред своја публика во „СЦ Борис Трајковски“, а евентуалната победа може да бида само добар влог за во иднина бидејќи македонскиот шампион не може никако да го избегне последното место во групатаА. Со 6 бода Брест Мешков е недостижен за металурзите, кои имаат само 3 бода на девет натпревари.
– Ќе го играме последниот натпревар во ова издание во ЛШ. И тоа со еден сосема друг состав, од оној со кој ја почнавме сезоната. Практично сега имаме една комбинација од кадетска и од младинска екипа. Не размислувавме дека ќе биде вака, но околностите се такви. Се наоѓеме пред еден поинаков предизвик, со кој сакаме да завртиме нова страница во Металург. Ние, стручниот штаб со раководството, заедно со играчите, овие што станаа, сме сконцентрирани и сакаме да играме на ниво во овие мечеви што ни преостанаа. Ова се млади играчи, ќе собираат искуство и верувам дека наскоро Металург повторно ќе има голем тим – изјави Лино Червар.
Сефте со драстично подмладен состав во ЛШ, Металург направи на гостувањето во Германија против Кил, каде што загуби со 16-35, со што го израмни негативниот клупски рекорд со поразот од 19 гола разлика. Гостите од Загреб кои сигурно ќе бидат третопласирани и ќе играат во четврт-финалето ги предводи Веселин Вујовиќ, па ќе биде интересно да се гледа дуелот меѓу него како поранешен тренер на Вардар со Лино Червар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



