Хулиганите од Ротердам што навиваат за Феенорд направија лом низ Рим, а во целиот хаос ја оштетија фонтатана „Дела Баркачио“ градена во 17 век. Реакцијата на италијанската жандармерија беше остра, а се огласи и градоначалникот на вечниот град, Игнасио Марино, кој побара штетата да ја платат челниците на Феенорд.
– Им предлагам на челниците на Феенорд да ги извадат тековните книшки и да напишат по некој чек за да ги компензираат трошоците за оштететената фонтана. Замислите осквернавија врвно дело на уметноста од 17 век. На такви хулигани треба да им се одземат пасошите и да не патуваат никаде. Во Рим веќе не се добредојдени и никогаш веќе нека не доаѓаат во нашиот град – изјави за „Ла Република“ Марино.
Во Рим на гостувањето на Феенорд во меч од Лигата на Европа допатуваа околу 5 илајди навивачи од Ротердам. Мечот заврши нерешено, 1-1, и мина во сенка на инцидентите на гостинските хулигани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.