| четврток, 6 декември 2018 |

Шест квадратни метри во Париз за 76.000 евра

париз

На прв поглед огласот на агенцијата за недвижен имот, која се наоѓа на улицата Мобеж во деветтиот арондисман изгледа привлечен, но потребно е да се погледне во деталите на огласот за да се види дека станот не е толку евтин, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Станот, кој се наоѓа во една зграда од типот на Осман, се продава за само 76.000 евра, но станува збор за еднособен стан, со само една просторија со површина од 6,2 квадратни метри, односно овој микроапартман се продава за 12.258 евра за еден квадратен метар, што, според весникот „Паризиен“, е на нивото на најскапите станови во Париз.

Сопственикот на станот не може ниту да го изнајмува како постојана резиденцја, за која се потребни минимални девет квадратни метри, ниту како сезонско изнајмување за што се потребни најмалку седум квадратни метри. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top