| четврток, 6 декември 2018 |

Агенцијата за катастар на недвижности отвори центар за контакт

катастар

За поголема достапност и пристапност на граѓаните до услугите на Агенцијата за катастар на недвижности е отворен центар за контакт, кој работи од 8.30 до 16.30 часот.

Преку бесплатниот телефонски број 0800 80 800 и инфо-линиите 02/3171-833 и 02/3173-825 граѓаните ќе можат да пријават забелешка за некоректен однос на вработените, мито и коупрција, како и да добијат информација за статусот на определен предмет.

Кол центарот работи на принципот „прв јавен, прв услужен“, а постои опција на клиентот да му се одговори на македонски, албански и на англиски јазик.  Исто така, овозможена е и регистрација на пропуштените повици при што вработените во повикувачкиот центар имаат опција повторно да контактираат со клиентите со цел тие да ја добијат соодветната услуга.

Од мај, откога почнал тест-периодот, до декември 2014 година, остварени се 13.440 повици, а граѓаните најмногу се интересирале за поднесувањето барања за легализација, за статусот на поденесените барања и кои се условите за изготвување на бесплатни геодетски елаборати.

– Една од придобивките од формирањето на Контакт центарот е и можноста преку директните јавуваеа на бесплатната телефонска линија да се следи и задоволството на клиентите од работата на Катастарот, но и можноста апликациски да се креираат и следат анкети со цел да се добијат подетални информации од поширок круг на корисници за задоволството од добиените услуги на Катастарот – истакна директорот Славче Трпески на денешната промоција на повикувачкиот центар.

Преку центарот за контакт од денеска почнува да се реализира и првата анкета насловена „Вашето мислење за нас – до подобра услуга за вас“.

Од понеделник во следните 30 дена на шалтерите на катастарот, граѓаните ќе можат да пополнат прашалник со четири прашања во врска со работењето на оваа институција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top