Владата на Република Македонија доби заем од Светска банка за поддршка на проектот „Катастар на недвижности и регистрација“ (КНР) и има намера дел од добиените средства да ги искористи за обезбедување консултантски услуги.
За таа цела Агенцијата за катастар на недвижности деновиве објави оглас за ангажирање вкупно 45 консултанти поделени во две позиции: геодетско-стручно лице и стручно лице – дипломиран правник.
Најголем број од работните места се предвидени за во Скопје, но дел од нив се однесуваат и за другите градови во Република Македонија.
Освен високо образование, кандидатите треба да имаат и работно искуство во областа и посебни вештини, како љубезност, добра комуникација, способност за тимска работа.
Огласот е отворен речиси до крајот на месецов, а повеќе информации може да добиете на официјалната страница на Агенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.