| четврток, 6 декември 2018 |

Финансискиот менаџер на модната куќа „Ристо“ ќе има работилница на Моден викенд Скопје

unnamed

Жан Бутон

Жан Бутон, главен финансиски менаџер во модната куќа „Ристо“, ќе говори на работилницата која ја организира Моден викенд Скопје. Тема на работилницата е „Развој на моден бизнис“ за модни дизајнери и дизајнери на модни додатоци, која ќе се одржи од 27 до 29 март. Краен рок за пријавување е 12 март, соопштија од Моден викенд Скопје.

unnamed

Предавачот Жан Бутон, кој е доаѓа од Париз, има долгогодишно искуство во развој на бизнис и бизнис-стратегија. Неговото портфолио вклучува работни позиции во маркетинг и комуникации, консултантство и проект-менаџмент. Моментално работи како главен финасиски менаџер за македонско-францускиот бренд „Ристо“ основан од познатиот македонски дизајнер Ристо Бимбилоски, кој над две децении работи во Париз.

Првиот ден од работилницата е фокусиран на продуктот. Ќе се дискутира за мапирање на бренд, создавање компетентен тим и развој на капацитети. Предвидена е презентација на теми од типот: дефинирање глобална стратегија, позиционирање продукт и анализа на клучни компетенции. Вториот ден ќе опфати идентификација и еваулација на трошоци, евалуација на идна продажба и кеш-менџмент.

Третиот ден е посветен на финансискиот аспект на модниот бизнис. Ќе бидат презентирани можности за финансирање, а фокусот ќе биде ставен на бизнис- планот: како да се направи, како да се подобри и како да се искористи како можна алатка за понатамошен развој на брендот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top