На патниот правец Лакавица – Неготино на седум километри над село Лескоица, извршена е санација поради пропаѓање на патот од 200 метри, информираат од АМСМ.
На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри.
Во општина Пробиштип, локалниот правец Злетово –брана Кнежево кој беше во прекин заради свлечиште, е оспособен за сообраќај по една лента во должина од околу 150метри.
Според информациите добиени од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите останати државни патишта, се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде што е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.