| четврток, 6 декември 2018 |

Лабина Митевска го напушта „Браќа Манаки“: По шест години не се кандидира за директор!

По шест години на функцијата директорка на најголемиот филмски фестивалв во земјава, актерката и продуцентка Лабина Митевска го напушта „Браќа Манаки“.

Собранието на Друштвото на филмски професионалци ќе избира нов директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, откако на Митевска, по третпат ѝ истече мандатот.

Таа реши, по шест години,  да не се пријави повторно.

Митевска може да се смета за досега најуспешниот директор на фестивалот со оглед на фактот што во изминатите години, таа ја прошири програмата и во Битола донесе светски ѕвезди како Кетрин Денев, Жулиет Бинош, Изабел Ипер, Дерил Хана, потоа десетина директори на фотографија добитници на „Оскар“ и други значајни филмски професионалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top