Добивале по пет милиони денари преку брз трансфер на пари, а чекале на редот во центрите за социјална помош. Податоците на Народната банка го вклучија алармот. Колкумина лажни социјалци се запишани на списокот на Министерството за труд и социјална политика. Само за минатата 2014 година, податоците покажуваат дека 320 од примателите на парична помош имале добиено над 300 илјади денари од странство, објави „Сител“.
Меѓу нив има дури 24 милионери. Податоците на Народна банка покажуваат дека најголемиот износ го добил примател на социјална помош од Липково. Преку брз трансфер на пари му биле исплатени неверојатни 4 милиони 933 илјади денари или над 80 илјади евра. Сума на која може да ѝ позавидат и многумина богаташи.
Најголемиот број од лицата со милионски трансфери на пари од странство се од Липково, дури 11, тројца од Шуто Оризари, двајца од Куманово, но имало и од Штип, Радовиш, Гостивар, Желино, Виница, Струмица, Дебар и од Босилово.
Поделено по месечна основа, математиката покажува дека социјалците кои се на списокот 320 со примања над 300 илјади денари, во еден месец имале на располагање од 30 до неверојатни 416 илјади денари.
Иако правилникот за дбивање на социјална парична помош им наложува ниту еден од нив не ги пријавил парите добиени од странство.
Според правилникот на министерството за трид и социјала, максималната доизволена сума на пари кои може да ги добијат од странство во момнетов е 50 илјади денари на годишно ниво. Според измените кои се во тек, преку брз трансфер на пари можат да добиваат до 70 илјади денари, ако примателот на социјална парична помош користел средства за набавка на медицинско помагало, таа сума со потврда за навака нема да влезе во пресметките на социјалните центри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.