Политиката на економско штедење преземена во Европската унија како одговор на економската криза, има разурнувачки ефект за сиромашните. На тоа предупредува европската мрежа од католички организации Каритас Европа.
Тие објавија извештај во кој се вели дека економските мерки за штедење не ја решиле кризата.
– Место тоа, предизвикаа социјални проблеми и немири кои кријат опасност да имаат трајно влијание во светски размери – наведува генералниот секретар на КЕ, Хорхе Нуно Мајер.
Според нив, бројот на луѓе што се борат со сиромаштија или социјално исклучување во ЕУ е зголемен од 116,6 милиони во 2008 година на 122,6 милиони во 2013 година. Тоа е нешто помалку од една четвртина од целото население.
Во истиот период бројот на луѓе што живеат во тешки материјални услови е зголемен од 8,5 на 9,6 отсто.
Во Грција е двојно поголем – од 11,2 на 20,3 отсто, наведуваат од Каритас Европа.
Организацијата цитира и анкета на Јурофонд според која, 31 отсто Грци, 28 отсто Кипарци, 23 отсто Италијанци и 17 отсто Ирци и Романци имаат „многу потешкотии“ да заминат на лекар заради расходите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Македонија тоне: 22,2 отсто од населението минатата година живеело во сиромаштија!
-
Митовска: СДСМ удира по најсиромашните, владата крати 6 милиони евра наменети за сиромашните(видео)
-
„Тајна вечера“ на лидерите на ЕУ, без Тереза Меј