Германската влада смета дека барањето на Атина за продолжување на кредитниот договор за шест месеци и да почне процес на нови преговори на дел од истиот договор не е „суштинско решение“, јави дописникот на МИА од Берлин.
– Реално тоа води кон премостување на финасисирањето, без да се исполнат барањата во програмата за поддршка. Писмото не ги содржи критериумите договорени со еврогрупата во понеделникот – вели портпаролот на германското Министерство за финансии, Мартин Јагер.
Во пресрет на утрешната средба на 19 земји-членки на еврозоната и пред истекот на програмата за поддршка која завршува идната недела, Грција се соочува со опасност да остане без пари за функционирањето на земјата, драматичен пад на берзите и можен излез од еврозоната. Привремено решение за проблемите на грчките банки, коишто остануваат без готови средства, дава Европската централна банка, која овозможи дополнителни средства во рамки на механизмот „Итна помош за ликвидност“ но овој пакет, којшто не е дел од договор за помош и кој се доделува и без да се почитуваат мерките за штедење не може да ја спаси Грција доколку нема итен договор во наредниве денови.
Колку е сериозна ситуацијата потврдува и Ханс Вернер Син, првиот човек на Институтот за економски истражувања од Минхен, кој смета дека кредиторите на Грција мора да се соочат со вистината и да разберат дека земјата мора да излезе од еврозоната за да ја поврати конкурентноста.
– Враќањето на драхмата е единствено можно решение затоа што тогаш економијата ќе биде ревитализирана прилично брзо – вели Син, кој се смета за еден од водечките германски економисти и додава дека кредиторите мора да го намалат товарот врз грчките граѓани.
Според Син, воведувањето на драхмата ќе ја стимулира грчката економија затоа што, на пример, Грција ќе мора да го запре скапиот увоз на земјоделски производи од ЕУ и да се фокусира на своето производство со што ќе се отворат нови работни места. Тој смета дека и во туризмот Грција поради ниските цени ќе ги врати туристите кои претходно оделе во Турција. Драхмата може да влијае и на Грците што ги префрлиле парите во странство, по што тие би почнале да купуваат евтини недвижности. Тоа ќе предизвика градежен бум и ќе ги придвижи индустријата, смета Син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција