| четврток, 6 декември 2018 |

Проценети штетите од поплавите во Чешиново-Облешево

poplaviA-640x396-600x371

Комисијата за утврдување и процена на штетите од поплавите од општина Чешиново-Облешево, по направениот увид на терен излезе со информација до јавноста во која се посочуваат местата и штетите предизвикани од поплавите и излевањето на реките.
– Најголема штета е направена на мостот на Кочанска Река кај село Чифлик и на мостот на реката Брегалница кај село Кучичино, како и на мостот на Злетовска Река кај село Жиганци. Тие се уништени 100 проценти и потребна е итна санација – изјави Катерина Постолова од општина Чешиново-Облешево.
Таа истакнува дека во процената на штетите, оштетен е, односно прекинат е одводниот канал кај село Бање при што се поплавени над 100 ха земјоделско земјиште ,а оштетен е и пропустот на регионалниот пат село Тркање – село Жиганци кај млекарницата во село Соколарци.
Општинската комисија за процена на штетите на општина Чешиново Облешево предлага итна санација на патот Облешево Теранци и патот кај мостот кај село Кучичино, заштита на мостовите кај селата Жиганци и Кучичино, санација на оштетените пропусти во село Соколарци и крпење на одводниот канал кај село Бање.

Во делот на поплавените површини 60 хектари се под есенски култури, луцерка и житни култури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top