| четврток, 6 декември 2018 |

Џејн Фонда: Кога ќе се напушам секој филм што го гледам е најдобар

dzejn fonda

Актерката се чувствува како сосема поинаква личност отколку кога имала 60 години. Таа сè уште сака да пуши марихуана, а изјавува дека со годините ѝ се подобрил и сексуалниот живот.

На снимањето на насловната страница за пролетниот број на списанието „Дујоур“, Џејн Фонда ја покажала својата вечна убавина. Актерката признала дека повремено сè уште пуши марихуана, но сфатила дека е „невозможно да се гледаат филмови кога не си напушен“.

– Секој пат кога ќе се напушам и ќе гледам филм, мислам дека е најдобар на светот, но кога ќе си дојдам на себе, помислувам каде ми беше паметот – изјавила Фонда.

Џејн, исто така, изјавила дека луѓето често ја прашуваат како успева да изгледа толку добро, а таа им одговара дека имала пластични операции, но и дека тоа не е воопшто важно. Важно е да се сфати дека секогаш можете да бидете подобар од тоа што се сте, но мора и да верувате во тоа. Како што старее човек, станува сè потешко. Но треба да се биде храбар и да сте отргнете од удобноста затоа што единствено така може да се увиди што ви е потребно и да станете тоа што сакате да бидете. Исто така, додала дека со годините и се подобрил сексуалниот живот, па сега со својот партнер Ричард Пери, со кој е во врска пет години, ужива во најдобриот секс досега.

Џејн зад себе има три пропаднати бракови. Таа беше мажена за францускиот режисер Роџер Вадим, политичкиот активист Том Хајден и за основачот на американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Ен“ Тед Тумер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top