| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва „Руска ноќ“ со Македонска филхармонија

Македонската филхармонија вечер ќе одржи симфониски концерт диригиран од Владимир Куленовиќ од Србија, а како солист на виолончело ќе се пртстави Маја Богдановиќ од Белград, која ќе го изведе Концертот за виолончело број 1 од рускиот великан Дмитриј Шостакович.

Оркестарот на Македонската филхармонија на концертот, кој носи наслов „Руска ноќ“, ќе ги изведе и увертирата од операта „Царска невеста“ од Николај Римски Корсаков, како и „Жар-птица“ од Игор Стравински.

На концертот премиерно ќе биде изведено делото „Горе-Долу“-три слики од „Книга на промени“ на македонскиот композитор Владимир Николов. Композицијата на Николов, која е инспирирана од поширокото толкување на класичното дело „Ји Џинг“ е минатогодишен победник на анонимниот конкурс за избор на оркестарско дело што го објави Сојузот на композитори на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top