Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за „проневера во службата“, со што го оштетиле Буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Охрид за 7.565.302 денари.
– По пријава од Финансиската полиција надлежниот обвинител утврди постоење на основано сомнение, па започна истражна постапка против осомничените, се вели во денешното соопштение од Јавното обвинителство на РМ.
Осомничените во периодот од 2010 до 2014 година подигале готови средства уплатени на име на партиципација од страна на пациентите. Со тоа, го оштетиле Буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Охрид за 7.565.302 денари. Станува збор за директорот на Здравствениот дом и двајца негови најблиски соработници.
При контрола на сметковотствената евиденција и документација на Здравствениот дом Охрид констатирано е дека третопријавената Н.М. вработена како шеф на сметковотството во Здравствениот дом зада ги прикрие трагите од криминалот што бил очигледен, само дел од финансиската документација ја евидентирала во сметковотствената евиденција на Здравствениот дом Охрид. Третопријавената Н.М. по добиената усна наредба од директорот на Здравствениот дом, во континуитет, од 2010 година наваму изработувала фалсификувани завршни сметки кои потоа со потпис на директорот биле поднесувани во Центрaлниот регистар.
Сметајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител до судија на предходна постапка од Основниот суд Охрид поднел и предлог за определување на мерката „притвор“ за двајца од осомничените, а за еден од осомничените мерка „куќен притвор“. Двајца од пријавените се веќе уапсени од страна на финансиската полиција, додека по првопријавениот кој е во бегство е распишана потерница и по него интензивно се трага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.