| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите користат „вијагра“ и ги присилуваат жените на брутален секс

Џихадистите од Исламската држава бараат медицинска помош за подобрување на сексуалните вештини и своите сопруги ги принудуваат на брутален и абнормален секс, тврдат локалните лекари.

Во интервјуто со група активисти од градот Рака, сместен во северниот дел на централна Сирија, кој ефективно служи како главен град на Исламската држава, лекарите откриле детали од сексуалните нагони на милитантите.

Иако тврдат дека се ултраконтроверзни следбеници на изворниот ислам, голем број џихадисти трошат добар дел од месечните плати на ексцентрична долна облека за своите сопруги, но и за стотици млади жени и девојки кои биле киднапирани или принудени на сексуално ропство.

Според извештајот на групата „Тивко убиство на Рака“, голем број од членовите на Исламската држава патат од сексуални аномалии и брутална инстинктивна желба за секс поради што младите жени се плашат да излегуваат од своите домови за да не станат субјект на брутални и абнормални сексуални игри.

Меѓу перверзиите кои ги наведуваат активистите е купувањето чудна долна облека за жени и очајничка потрага по „вијагра“. Групата ги опишува и повредите кои жените ги претрпеле по сексуалните насилства.

Силувањето е речиси константна закана за жените во Рака.

„Куќите стануваат нивни гробници поради стравот дека ќе паднат во рацете на војниците од калифатот“, пишува во извештајот.

Според активистите, џихадистите имаат добри причини да ги присилат жените од Рака на брак.

Милитантите со своите постапки ги прекинале локалните рурални обичаи и традиции во кои роднини стапувале во брак за да ги задржат и зајакнат семејните врски. Извештајот тврди дека локалните жени кои се принудени на бракови со странци патат, а во некои случаи размислуваат за самоубиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top