| четврток, 6 декември 2018 |

Спомен-куќата на Тоше со награда за архитектура „Милан Злоковиќ“

Спомен-домот на македонската музичка легенда  Тоше Проески во Крушево како официјален претставник на Макеоднија на 20 февруари, на свеченото отворање на изложбата на Асоцијацијата на српските архитекти (АСА), ќе ја добие  наградата за архитектира „Милан Злоковиќ“, пренесува специјализираната страница за архитектура  Marh.mk.

Изложбата насловена „Уметност на архитектурата“ се одржува од 17 до 28 февруари во галеријата „Атријум“ во Белград.

Проектот на Меморијалниот центар, изработен во 2011 година, е на „Синдикат студио“, на авторите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски.

Првото место „Синдикат студио“ го дели со „ADN BIROU DE ARHITECTURA“, автори на проектот „Станбен комплекс во Букурешт“.

Оваа награда се доделува во чест на архитектот Милан Злоковиќ, чијшто објект „Метропол“ , спомен на скопската модерна, му се заканува рефасадирање, а со тоа и уништување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top