Вечерва експолозија пред Основниот суд Скопје 2 ги вознемири скопјани. Жртви нема, а не е причинета ниту голема материјална штета. Оштетена е жардињера на булеварот, а се чека Крим техника да прибере траги.
Детонација се случила пред Основен суд Скопје 2 вечерва, без посериозни последици. Се врши увид кој треба да покаже што експлодирало пред судот. Од МВР информираат се уште не знаат точно што е причината за експолозијата, но најверојатно станува збор за пиротехнички средства кои навивачи ги фрлиле враќајки се од натпревар.
Случајот, според МВР, го пријавиле лица кои се нашле на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.