Вечерва перформансот „Привид“ на театарската група Театра првпат ќе доживее радиосценско доживување на три различни медиуми за три типови публика. Станува збор за повеќе медиумски форми, сцената во Балет и директен пренос на радиоприемници, интернет радиостаница и интернет видео. На тој начин различна публика ќе доживее различни искуства, некои ќе гледаат на самата сцена, други ќе слушаат и трети ќе имаат можност да следат сѐ на интернет.„Привид“ е приказна која може да се следи на алтернативен физички простор што се користи како театарска сцена, а тоа е ноќниот клуб „Балет“. Од истата ќе има и директен аудиовизуелен пренос на www.theatra.mk
Овој настан ги обединува сите идеи за драмскиот циклус на Театра „Секаде театар!“. Ова значи дека „Привид“ не само што ќе ги активира сите сетила кај публиката, туку ќе ги стави и во функција на разоткривање на целата претстава. Со оваа идеја ќе се изигра претстава што зборува за врската меѓу двајца луѓе, но таа физички ќе ги отсликува и нивните состојби и затскриени чувства и значења. Драмскиот текст е работен во процесот на подговотовки и претставува заеднички труд од целата екипа. Во проектот учествуваат Марија Зафирова, Васил Зафирчев, Симона Спировска, Наташа Петровиќ, Викторија Илиоска, Билјана Стојкоска. Режијата е на Билјана Радиноска. Техничка поддршка: Ивана Георгиевска и Ненад Тонкин. Бројот на места за публика која ќе ја следи изведбата во живо од ноќниот клуб „Балет“ е строго ограничен. Цена на билетот – 200 денари. Проектот стартува вечерва во 21 часот. |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Перформанс на Исмет Рамиќевиќ во рамките на ликовната колонија „Културен мост“
-
Со мултимедијален перформанс ќе се затвори поетско-сликарската колонија „Нацртај песна“
-
Од јапонска гледна точка: Светилиште на градници во будистички храм (ВИДЕО)
-
Театарскиот перформанс „Фиктивна состојба“ вечерва во кино „Фросина“