| четврток, 6 декември 2018 |

Младоженецот доживел напад, па невестата си нашла нов сопруг

венчавка

Токму кога невестата требало да го каже судбоносното „да“, 25-годишниот младоженец Југал Кишор од Морадабада во Индија, доживеал напад на епилепсија и церемонијата на венчавката биле прекината.

Но, тој „инцидент“ не ја спречил невестата Индира да го оствари својот план – нејзината традиционална „Вармал“ венчавка да се одржи токму на тој ден, па таа многу брзо меѓу гостите на свадбата си пронашла нов младоженец.

Индира и нејзиното семејство биле многу лути кога младоженецот добил напад на епилепсија, бидејќи тој дотогаш не споменал дека боледува од оваа болест.

Поради тоа, Индира веднаш донела одлука да не се мажи за Југал, туку за некој друг и тоа уште истиот ден.

Така, местото на несудениот младоженец го завзел деверот на сестрата на Индира, Харпал Синг, кој иако не планирал да се жени тој ден, сепак се согласил на венчавката.

Кишор успеал да се врати на свадбата пред крајот на церемонијата и иако ја молел Индира да се венчаат, таа не се согласила со тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top