| четврток, 6 декември 2018 |

„Тајмс“: Украинската војска претрпе „страшен пораз“

UKRAINE-RUSSIA-CRISIS-POLITICS

Повлекувањето на украинските сили од стратешки важниот железнички чвор Дебалцево, претставува „страшен пораз“ за Армијата на Украина, пишува лондонски „Тајмс“.

Лондонскиот весник ја пренесува изјавата на украинскиот претседател Петро Порошенко дека повлекувањето било „претходно планирано и дека се изведува организирано“. Во изјавата, Порошенко ги фали војниците за, како што вели, нивната „храбра одбрана на Дебалцево“ и порачува дека со својот отпор му го „покажале на светот вистинското лице на бандитите и на сепаратистите, кои се подржувани од Русија“.

Меѓутоа, според „Тајмс“, одлуката на Киев да ги повлече своите војници не е ништо друго туку украински пораз во нејзниниот конфликт со проруските сепаратисти.

Според весникот, претседателот Порошенко наредбата за напуштање на Дебалцево ја издал минатата ноќ, откако сепаратистите ги спречија набљудувачите на ОБСЕ да влезат во опколениот град.

Изминатите денови, меѓу украинската армија и сепаратистите се водеа жестоки борби со употреба на тешка артилерија за контола над градот и покрај минатонеделниот договор од Минск за прекин на огнот.

Дебалцево е важно стратешко место на пругата која ги поврзува Луганск и Донецк во источна Украина, кое во периодот меѓу април и јули минатата година беше под на сепаратистите.

Британските медиуми претходно јавија дека рускиот претседател Владимир Путин го повикал Киев да ги повлече своите војници за да се избегнат натамошни борби и нови жртви, како и за да се воспостави примирјето договорено во Минск. За време на посетата во Будимпешта, Путин рече дека верува оти владата на Украина ќе им дозволи на своите војници да го положат оружјето.

Во текот на изминатата ноќ украинскиот претседател Порошенко, побара од Советот за безбедност на ОН и од меѓународната заедница „остро да реагира“ поради продолжувањето на борбите од страна на сепаратистите, од кои Киев претходно бараше да прекинат со борбите „без поставување на какви било услови“.

Лондонски „Тајмс“ констатира дека на Истокот на рускиот претседател се гледа како на победник во украинската криза, додека на Западот како на поразената страна.

Овој весник, како и сите други британски медиуми, повеќепати досега сугерира да не се дозволи „воен пораз на Украина“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top