Паѓа нивото на водата во Тиквешкото Езеро. Во моментов нивото на езерската вода е на кота од 262,48 метри надморска височина, информираше денеска директорот на Водостопанство „Тиквеш”, Љубе Димов.
Тој нагласи дека редовно се следи состојбата на терен и засега нема опасност од прелевање, бидејќи хидроцентралата “Тиквеш” интензивно работи и произведува струја со максимален капацитет.
– Нивото на водата е некаде на истата кота како и минатата година во овој период. Значи нема потреба од загриженост бидејќи не постои опасност од евентуални излевања- додаде Димов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.