| четврток, 6 декември 2018 |

Коридор 8 – нов пат од Ранковце до бугарска граница

Комплетно нова траса на потегот од Ранковце до Крива Паланка ќе се гради со средства од Светска банка. Владата е веќе во разговори со оваа меѓународна финансиска институција и се очекува проектот да биде одобрен наесен.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на одбележувањето 93 години од основањето на Стопанската комора на Македонија.

– Коридорот 8 и 10 се нашите приоритети. Новина е дека Владата е веќе во поодмината фаза на разговори со Светска банка за финасирање на делот од коридорот 8 од Ранковце кон границата со Бугарија. Очекуваме некаде наесен Светска банка да го одобри тој проект и да се исфинасира комплетно нова траса на патот од Ранковце до Крива Паланка во првата фаза, а во втората фаза да следи реконструкција на патот од Крива Паланка до гранцата со Бугарија и да се интензивира градбата на железничката пруга кон Бугарија – истакна Ставрески.

Додаде дека во исто време се работи на проектната документација за железничката пруга кон Албанија од Кичево до Лин и оти со европските институиции, односно со Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка,, се разговара и за финасирање на тој прокет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top