Кристијано Роналдо нема постигнато гол цели 287 минути, беше и исклучен против Кордоба за неспортски потег и удар на противнички играч, а шпанските медиуми анализираат и пишуваат дека популарниот ЦР 7 е нервозен без Ирина Шајк. Двете познати светски ѕвезди секој во својата област ја раскинаа врската пред еден месец.
Роналдо со изјава за медиумите на 20 јануари потврди дека по пет години повеќе не е во прегратките на познатата манекенка. Само четири дена подоцна Кристијано беше исклучен на мечот со Кордоба, откако со бокс в лице удри еден од одбранбените играчи на домашниот тим и заслужено доби црвен картон. Паузираше два меча, потоа одигра уште два, но постот без гол продолжи, што е невообичаено за најдобриот стрелец во шпанското првенство.
Роналдо има 28 погодоци, а опасно се доближи Лео Меси со 26, па на шега навивачите на Реал Мадрид на социјалните мрежи пишуваат „Ирина врати се“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)
-
Кристијано Роналдо: Не застанувам тука, сакам уште три деца