Несекојдневневна случка видкендов се случила на островот Муртер во Хрватска. Турист кој бил сместен во кампот Коширин мислел дека цeлиот остров е за нудисти, па како од мајка роден влегол во локалната продавница.
Марко Малеч, кој живее на споменатиот остров, бил изненаден кога вработените касиерки од продавницата го замолиле да им помогне за да го истераат голиот човек од објектот.
– Не можев да верувам дека ме замолија за нешто такво, но кога влегов во маркетот, се уверив со свои очи, изјавил Малеч.
– Човекот, странски турист, мислел дека целиот остров е нудистичка дестинација. Меѓуоттоа, не е така. Нудистички камп има и две мали плажи, тоа е тоа, завршил Марко.
Човекот откако бил замолен да го напушти маркетот, прифатил и си излегол како нишот да не се случило. Климнал со глава, и мирно и сталжено ја напуштил продавницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.