Во воспитувањето на момчињата и девојките сигурно има многу разлики и специфики. Некои родители сметаат дека момчињата не смеат да се прегрнуваат, бакнуваат и милуваат. Лишувајќи ги од бакнежи, тие не размислуваат за негативните последици кои можат да произлезат од тоа.
Каде најчесто родителите грешат при воспитувањето на нивните момчиња?
„Момчињата не плачат“
Зарем кога вашиот син е тажен, повреден за време на игра, ова ли го слуша од вас? Ова однесување од страна на возрасните, во ситуации во кои момчето им е вознемирено, носи куп негативни последици. На овој начин не градиме емоционална стабилност, туку страв, фрустрација и болка кои во подоцнежната фаза од животот на детето можат да доведат до депресивни состојби и ниско самопочитување. Многу подобро би било ако му дадете поддршка, разговарате, го научите вашето момченце да споделува со вас. Татковците исто така можат да земат учество, така што би кажале како тие се почувствувале во слични ситуации итн. Потребна е емпатијата.
„Уметноста и занаети не се за момчиња“
Момчињата можат да бидат многу креативни и родителите треба да го поттикнуваат овој процес на раѓање на идеи.Не смее да се ограничува нивната љубопитност кон уметности и хобија кои традиционално се смета дека се соодветни за девојки. Таа нивно љубопитност може да открие други таленти и желби, кои со време ќе се покажат и како нивна вокација.
„Мажите не готват и немаат никаква задолженија по дома“
Ако домашните обврски во едно семејство се цврсто поделени, момчињата растат со идејата дека еден ден не е неопходно да бидат дел од нив, да му помогнат на својот партнер. Важно е да бидете добар модел за имитација и да ги воспитувате момчињата дека домашните обврски се заеднички и нема фиксни граници. Ако вашето синче му се допаѓа да ви помага во подготовка на храна пример, дајте му ја таа можност.
„Не си играј со овие играчки, тие се за девојчиња„
Ако вашиот син веќе посетува градинка, тогаш знаете дека таму децата си играат со бројни и разновидни играчки. Девојчињата понекогаш измислуваат игри со автомобили, роботи, лего, момчињата играат во детската кујна, понекогаш покажуваат интерес кон куклите на девојчињата и сл.Не смеете да му забранувате на вашето момче да игра со женска играчки, кога е во средина во која има допир со нив. Во една подоцнежна фаза, во која децата веќе ги проучиле спецификите на играчките, почнуваат сами да ги избираат оние со кои им е интересно и пријатно. Но, овој процес не треба да се убрзува.
Моделот на однос кон мајката
Не смеете да го пропуштите овој важен момент. Татковците се најдобрите примери за своите синови. Ако тие не се однесуваат добро со мајката на нивното дете, момчињата сигурно растат со погрешна претстава за тоа како еден маж треба да се однесува со една жена. Семејства во кои има насилство, груб однос кон жената, ги учат на агресија момчиња кои растат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.