Портпаролот на грчката Влада Гаврил Сакеларидис потврди дека министерот за финансии денеска ќе поднесе барање за продолжување на договорот за кредит, јави дописникот на МИА од Атина.
Коментирајќи ја изјавата на германскиот министер за финансии, кој рече дека предлогот може да биде одбиен, Сакеларидис истакна дека „преговорите не се водат преку изјави, туку во затворени сали со консултации“. Тој додаде дека „ако има взаемена подготвеност да се најде решение, Грција е тука да дискутира за тоа“.
– Грчката страна има предлог за да се најде излез – подвлече владиниот портпарол.
Тој повтори дека „неуспехот на програмата е докажан“ и додаде дека „Владата не сака да се создаде ќор сокак, туку да се најде решение“. Тој исто така спомена дека за време на продолжувањето „ќе има мерки за справување со хуманитарна криза, а ќе има разговори со партнерите и за олеснување на примарниот суфицит со цел финансиите на земјата да се поправат“.
Сакеларидис информира дека барањето за продолжување ќе се заснова на документот на еврокомесарот Пјер Московиси и нагласи дека „владината програма нема да замрзне“. Во врска со евентуален алтернативен план на Владата во случај барањето да биде одбиено, тој рече дека „Владата се надева дека тоа нема да се случи“ и оти се работи на тоа сценарио.
– Доаѓаме со цел да се најде решение и да се почитува одлуката на грчкиот народ. Овој вид на прашања не можат да бидат покренати во демократска Европа. Нема да се вклучиме во процес на прифаќање нешто што ќе го навреди грчкиот народ – рече Сакеларидис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција