– Полска ќе постапи согласно одлуката на Европскиот суд за човекови права, со која е потврдено дека во земјата имало тајни затвори на ЦИА, и ќе мора судски да ги гони одговорните лица – изјави денеска полскиот министер за надворешни работи Гжегож Шетина.
– Мораме да постапиме според пресудата. Тоа е тема во следните недели – истакна Шетина.
Пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со која полските власти се сметаат одговорни за кршење на конвенциите за човекови права во случајот со тајните затвори на ЦИА на полска територија, вчера стапи во сила.
Судот ја отфрли жалбата на полската Влада, поднесена во јули минатата година.
Врз основа на пресудата, Варшава ќе мора да им плати отштета по 100.000 евра на двајцата затвореници од затворите на ЦИА, Саудиецот Абдел Рахим ал-Нашири и Палестинецот Абу Зубејди, но и до крај да истражи кој од полските официјални лица е одговорен за постоењето на затворите, во кои биле малтретирани осомниченни лица за тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Вашингтон Пост“: САД ќе прекинат со користењето приватни затвори
-
Пучистите во Турција ги силуваат, мачат и оставаат да умрат или да се убијат
-
Организации за заштита на човековите права против мерките во Турција по неуспешниот обид за преврат
-
Македонија го ратификува протоколот 15 од Европската конвенција за човекови права