Проектот на Министерството за финансии „Купи куќа, купи стан” ќе биде партнер на овогодинашниот Саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација, кој ќе се одвива од 3. до 7 март на Скопски саем.
– На саемот ќе учествуваат голем број градежни компании, кои ќе понудат станови на попусти кои ќе достигнат и до неколку илјади евра и ќе важат само за саемските денови – соопшти денеска Министерството за финансии.
Проектот „Купи куќа, купи стан” на Министерството за финансии продолжува со организација и учество во саемски активности, бидејќи на тој начин на граѓаните им се обезбедува целосна информација на едно место. И на овој саем, граѓаните освен што ќе можат да се запознаат со понудата на станови, да разгледаат понуда на градежни материјали за изградба на куќа, ќе можат и да се информираат од луѓето од Министерството за финансии како да аплицираат за проектот „Купи куќа, купи стан”.
Заинтересираните граѓани за проектот кои од денеска ќе ја посетат целаријата „Купи куќа, купи стан” ќе добијат бесплатни влезници за Саемот за градежништво, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.