Неплатени фактури за електрична енергија на претседателската палата во Анкара, ќе го кренат општеството. Сметката со астрономскиот износ, веќе е поднесена во парламентот од страна на опозицијата. Вчера беше последниот ден за плаќање. Заменикот на генералниот секретар на Народна републиканска партија, Али Демирчал, во специјално соопштение откри дека, за периодот од 18 декември 2014 година до 21 јануари 2015 година, сумата за потрошената струја од мега сараите на Ердоган е во износ од 1 140 567 фунти за искористени 89 262,053 киловати електрична енергија.
Заостанат долг за плаќање има и од претходниот период, во износ од 106 770 фунти. Во фактурата има и предупредување дека струјата ќе биде прекината, доколку плаќањето не биде направено до 18 февруари.
– Не чека катаклизма во општеството, расипничкото трошење на Аксарај расте вртоглаво. Само за еден месец и тоа само за електрична енергија, да се потрошат над 1 милион фунти, тоа е на сметка на обичните луѓе. Јас го барам оној искрен вработен, кој ќе ја исклучи струјата на Сарајот, така луѓето ќе се ослободат од оваа напаст, повикува пратеникот Демирчал, цитиран од медиумите.
Тој нагласува дека при така нагло зголемената невработеност и сиромаштија во Турција, при неможноста старечките домови да се наполнат со леб и други производи, Ердоган и жителите на Аксарај, покажуваат недостаток на лојалност како кон народот, така и кон државата, а тоа е смрт за наследството на Ататурк.
– Сето ова ќе биде на грбот на државниот буџет и за сметка на даночните обврзници. Оваа фактура го покажува и вистинскиот менталитет и односот на владејачка АКП кон народот, дополнува опозиционерот.
Поради недостигот на транспарентност за финансиските трошоци на палатата и демонстрацијата на султанска власт зад високите ѕидови тој поднел писмен прашалник во парламентот. Колку уште ќе биде натоварен буџетот на земјата со годишните расходи за струја, за изградба на Сарајот, за репрезентативните ручеци и вечери, каква е вистина и за задоцнето плаќање на остатокот од претходниот месец, инсистира да биде објавено пратеникот од ЦХП .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.