| четврток, 6 декември 2018 |

За еден ден во Скопје се случиле шест сообраќајни несреќи

nesreka

За 24 часа во Скопје се случиле шест сообраќајни несреќи.

Од нив, една е со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило и еден пешак.Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а еден возач на патничко моторно возило и еден сопатник се здобиле со телесни повреди.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 33 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив 11 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 25 возачи непрописно се паркирале пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и осуммина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница или поминале на црвено светло на семафорот.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 47 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Васил Главинов“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир со учениците од второ и четврто одделение.

Денеска во 18 часот и 30 минути во Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе се одржи кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Аеродром и Работнички. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е и пренасочување на сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top