Утрово времето е сончево и студено со слаб до умерен ветер од севроисточен правец. Во 7 часот температурите се движеа од -15 до -4 и тоа:
-15 Маврово, -14 Берово и Крушево, -13 Лазарополе, -10 Скопје – Петровец, К. Паланка, -8 Битола, Штип, Претор -7 Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово, Струмица, Виница, Д. Капија, Кавадарци -6 Скопје-З. Рид, -4 Гевгелија и Дојран
Во текот на денот според последните податоци од УХМР, времето ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.
Во Скопје ќе имаме слично време со дневна температура околу 7 степени.
До петок времето ќе биде претежно сончево со умерен ветер од северен правец. Утринските температури и понатаму на повеќе места ќе се спуштат под -3 степени, а дневната температура ќе биде во пораст. За време на викендот повторно ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд, особено на запад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


