| четврток, 6 декември 2018 |

Терористички напад во Нигерија, загинаа 36 лица

Yobe-school-bombing

Триесет и шест луѓе загинаа денеска во троен самоубиствен напад извршен во северозападна Нигерија.

Според локален член на одред за самозаштита, тројца мажи кои патувале во рикша во селото Јамаркуми на 4 км од градот Бју, активирале ексоплозиви што ги носеле со себе пред пункт на самоодбраната.

Загинале членови на одредот, деца кои продавале на улицата како и тројцата напаѓачи.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Градот Бју е честа цел на напади од исламмистите на Боко Харам. Терористички напад беше регистриран и во северниот нигериски град Потискум каде бомбаш-самоубиец активираше експлозив пред ресторан. Загинаа две лица и ранети се 13.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top