Германската убавица Хајди Клум во секси издание се појави во реклама за синџир на брза храна Hardees & Carls Jr., односно нивниот нов производ Jim Beam Bourbon Burger. Хајди игра улога на заводничка по примерот на познатата госпоѓа Робинсон од култниот филм „The graduate”. Хајди појаснила дека како госпоѓа Робинсон со помош на хамбургерот заведува младо момче, пишува „Д сан“.
– Ја лижев храната и сосот од своите усни, што е многу сензуална сцена – појаснила Хајди, која открила дека не глумела баш сѐ, со оглед на тоа дека ужива во брза храна. Mногу јадам хамбургери и пржени компирчиња, со тоа што морам да кажам дека хамбургерите никогаш не изгледале посекси – истакнала таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.