
Сообраќајот на железничката станица „Гар де л’Ест“ (Источна железничка станица) во Париз е целосно во прекин од денеска на пладне, откако беше откриена бомба тешка 250 килограми заостаната од Втората светска војна.
Бомбата била откриена околу пладне во Ноази Ле Сек, во источниот дел францускиот главен град, при градежни работи на пругата по која минуват возовите со голема брзина Те-Же-Ве, како и неколку регионални линии.
Поради безбедносни причини, целосно е прекинат сообраќајот преку оваа пруга која води кон Стразбур и Луксембург.
Според полициски извори, ваквите мерки се преземени за да се избегнат сите непотребни ризици, бидејќи бомбата се уште е во „добра состојба“ и може да експлодира.
На местото на кое е откриена бомбата пристигнаа деминери, но со оглед на сложеноста на операцијата, француската државна железница се уште знае кога ќе се нормализираа возниот ред. На патниците кои ги користат Те-Же-Ве возовите им е препорачано да го одложат патувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
Драма во Франција: Жена со бомба се заканува дека ќе разнесе банка во Ним
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза


