| четврток, 6 декември 2018 |

Турција и САД постигнаа договор за обука на сириската опозиција

сад

Турција и САД денеска го усоглсија предлог-текстот на Меморандумот за разбирање околу програмата за обука и опремување на борците на умерените сириски опозициски сили, објави весникот „Хуриет Дејли Њуз“.

Според портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Танжу Билгич, во следните неколку дена високи претставници на Турција и САД ќе го потпишат договорениот Меморандум.

Биглич нагласи дека со Меморандумот се предвидува во наредниве три години да биде спроведена обука на околу 15.000 сириски бунтовнички борци во Турција, Јордан и Саудиска Арабија.

Обуката, која веројатно ќе започне во текот на следниот месец, е дел од кампањата против џихадистите од групата Исламска држава и силите лојални на сирискиот претседател Башар Асад, наведува турскиот весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top